Хотел Royal View
 
     
Royal View е сместен на Охридското крајбрежје на само пет минути од центарот на градот, на самиот агол од ул. "Јане Сандански" и "Кеј Маршал Тито". На западната страна се наоѓа пристаништето и охридската чаршија додека на исток од самото шеталиште се распослани уредените плажи. Со својата идеална локација Ве ослободува од грижата за сообраќајниот метеж или дополнителни трошоци за превоз.

Поголемиот дел од ноќниот живот се одвива во центарот на градот, каде можете да се забавувате во ноќните клубови или едноставно да уживате во тивка романтична вечер во некој од кафетериите, баровите и рестораните.

Royal View располага со 27 соби со брачен лежај, 6 соби со единачни лежаи, 3 соби со 3 или 4 лежаи, како и 6 луксузни сјутеви. Собите се опремени со се што Ви е потребно, како за одмор така и за работа, вклучувајќи LCD телевизори, кабелска телевизија, дирктна телефонска линија и Интернет. Сите соби се опремени со централно подно греење и ладење за оптимална температура во текот на целата година. Сјутевите имаат извонреден поглед на езерото, планините кои него го опкружуваат како и прекрасното Охридско Кале.