Хотел Ривиера
 
     
Хотелот Ривиера, сместен на брегот на Охридското Eзеро блиску до центарот на градот, претставува атрактивна дестинација за индивидуални или групни туристички или службени посети. Хотелот нуди можности за организирање семинари, јубилеи, преентации, коктели, деловни средби и како гости на хотелот можност за бесплатно користење на семинарските простории и сета неопходна техничка опрема. Хотелот има паркинг простор, сеф за чување вредни работи, услуги како перење и пеглање, професионален и традиционален салон за масажа, продавница за подароци и сувенири каде можете да го купите светски познатиот охридски бисер, а и национални носии.
Нашиот хотел нуди професионални туристички водичи и организира екскурзии од секаков тип и уште многу други интересни работи кои ќе го направат вашиот престој во Охрид и во хотелот Ривиера незаборавни.