Хотел Дрим
 
     
Хотелот Дрим е сместен покрај обалата, каде што Охридското Езеро и дава живот на реката Дрим. Хотелот е на само на 300 метри од центарот на градот на поезијата Струга, 500 метри оддалечена од централната автобуска станица 7 км од терминалниот аеродром Охрид.

Хотелот Дрим, со својата традиција и и спремност да ги задоволи модерните стандарди на бизнисот, нуди големи можности за одмор и рекреација.
Хотелот поседува 1 комплет апартман, 133 реновирани соби, 2 апармани, 47 студија, 19 стандардни соби. Секоја од собите е опремена со кабловска ТВ, директна телефонска линија, мини бар за студијата и балкон.

Гостите можат да уживаат на хотелскиот балкон, аператиф барот, пијано барот, отворениот бар, отворениот и затворениот базен, спортски терени, линија за куглање, столни тенис, билијар маса, сопствен паркинг и прекрасна плажа.
Хотелот Дрим првобитно беше изграден за конференциски туризам. Затоа поседува конференциска сала со капацитет од 250 гости, касино со 100 седишта и три помали сали со капацитет помеѓу 50 и 100 седишта, потполно технички опремени и менаџерски тим кој е спремен да ги организира вашите бизнис настани.
Хотелот има ресторан за 500 гости, банкет сала со 120 седишта, и "пинк" сала со 400 седишта. Покрај различитоста од вкусни јадења, домаќините би ви препорачале избор од локални и меѓународни специјалитети.